Традиционално и оваа година во комплексот „Етно Село“ во период од 19 до 22 јуни се одржа седмиот по ред Детски ликовен камп „АСНОМ“. Учество во летниот камп земаа ученици од сите основни училишта и Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“.
Учесниците работeа во повеќе техники со своите ликовни ментори.
Во продолжение можете да погледнете дел од атмосферата на ликовниот камп.