Етно Село „Тимчевски“ во своето долгогодишно работење има учествувано на голем број настани и натпревари каде има забележано значителни резултати. Квалитетот на нашата работа веднаш се приметува а тоа придонесува секогаш да бидеме рангирани меѓу најдобрите. Во продолжение прегледајте ги нашите награди.
На 49-от Меѓународен саем за туризам во Нови Сад во категоријата за промоција на специфични туристички понуди ”Етно село Тимчевски” – Куманово го доби Златниот медал за квалитет на услугата во категоријата - Етно туризам.
Најнова понуда од „Етно Село Тимчевски“ за организација на свадби во прекрасен природен амбинет. Салон за прослави (летна бавча) „ЕТНО ГАРДЕН“.
Повеќе: Ексклузивно за вашата свадба! „ЕТНО ГАРДЕН“ во „Етно Село Тимчевски“!
Традиционално и оваа година во комплексот „Етно Село“ во период од 19 до 22 јуни се одржа седмиот по ред Детски ликовен камп „АСНОМ“. Учество во летниот камп земаа ученици од сите основни училишта и Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“.